Posted on

SHOT | ТЕХНИЧКИ СЕМИНАР на тема КОЛОРИСТИКА, БЛАНШИРАЊЕ и НИЈАНСИРАЊЕ

Ги покануваме сите колеги, љубители на професионалната фарба за коса Shot Hair, како и оние кои сакаат да се запознаат со квалитетот и можностите на #ShotHair.

ТЕХНИЧКИ СЕМИНАР на тема КОЛОРИСТИКА, БЛАНШИРАЊЕ и НИЈАНСИРАЊЕ

Ќе бидат демонстрирани новите актуелни летни нијанси за коса | 💛 Born to be Blond | ❤️ Born to be Colored | 💚 Born to Be Natural |

📍 02 Јуни (недела), почеток: 9:30 ч. – 16:00 ч.
хотел “Сириус Spa & Wellness” Струмица

ℹ️ Гост стилист и едукатор на семинарот ќе биде Dilyana Piskova. Двократен светски шампион во натпревари за фризери едукатори.

За повеќе информации, побарајте не
Јагода Милушева [Фризерски салон Селектив]
Влатко 📞 070 596 777

Posted on

Депилација со восок: Кој тип на депилирање е најдобар за вас?

Депилацијата со восок е еден од најпопуларните методи на елиминирање на влакната од кожата, бидејќи ефикасно ги отстранува влакната и ја прави кожата гладка и мека.
После многу години искуство и развој, восокот за депилација постепено еволуирал и во денес постојат многу различни видови на депилација со восок. Од традиционалните топли восоци до ладните восоци, кои се вклопуваат во модерните методи на убавина и нега на кожата.

Photo by Lucrezia Carnelos on Unsplash

Во овој блог пост, ќе се обидеме да ве запознеме со различните видови на депилација со восок, како и со нивните предности и недостатоци. Откријте го кој вид на депилација со восок најдобро одговара на вашите потреби за да добиете гладката и мека кожа каква што заслужувате.

Депилација со Топол Восок

Топлата депилација е најпопуларниот вид на депилација. Восокот се загрева во апарати за загревање восок и се нанесува на кожата со помош на шпатули. Откако восокот ќе ја промени својата тврда состојба во полутечна, со помош на метални или дрвени шпатули се нанесува на кожата.
Предноста на тополиот восок за депилација е што може да се користи на сите делови од телото, вклучувајќи го лицето.
По отстранувањето на восокот, кожата станува гладка и без влакна подолго време.
Сепак може да биде болно искуство доколку сте претерано осетливи на болка.

Депилација со Ладен Восок


Ладната депилација се одвива со загревање на восокот на пониска температура во топлики за восок. Овој вид на восок е исто толку ефективен како и тополиот восок, но неговата главна предност е што не предизвикува болка и раздразнување на кожата.
Овие особини го прават перфектен избор за луѓе со осетлива кожа или оние кои сакаат да избегнат болка при депилацијата. Сепак, ладниот восок може да биде помалку ефикасен отколку тополиот восок за отстранување на тешко достапни влакна.
Ладниот восок се пакуван со ролони и во лименки.

Предноста на денешнината е тоа што имаме голем избор на восоци на пазарот па можеме да бираме и восоци со додатни состојки кои ја заштитуваат и хидрираат кожата.

Posted on

Фигара- Електрични Апарати

Сакате постојано да сте во тек со новите модерни фризури?

Posted on

Топилка за восок Патрон

Специјална промоција на Апрат за восок – патрон

Апарат за загревање восок, погоден за патрони за цена од само 750 денари.

Топилката има едно копче на која се вклучува да работи. По само неколку минути, восокот е спремен за депилација. Потоа, таа ја одржува температурата на восокот.
Доколку се одлучите за ваква топилка за депилација, треба да знаате дека Восокот во патрон е наменет за ладна депилација.
Восокот за ладна депилација се вади со хартија или со материјал.
Долку немате восок патрони и хартија за депилација, разгледајте ги останатите прозводи за депилација.

Искористете ја оваа понуда!
Количините се ограничени!

Posted on

Вапазон

Вапазон има специјална намена во козметичките салон. Нашиот модел е погоден за професионална употреба.
Во нашиот изложбен салон можете да го погледнете и моделот на вапазон кој го поседуваме.

Posted on Leave a comment

Интимен восок за депилација

Во нашата палета на производи имаме и восок за депилација наменет исклучително за интимните зони.

Интимниот восок за депилација е тип на топол восок. За негово користење не ни се потребни ленти.
Потребна ни се само добра топилка за загревање на восокот и лименка восок.

Posted on Leave a comment

Топол восок Depileve

Топлиот восок е наменет за депилација без лента. Погоден е за елиминирање на влакната за цело тело.

Неговото пакување може да биде во гранули и во пити. Го имаме со примеси на азулен, роза, путер и таратуф.

Филм восокот е сличен на восокот за топла депилација. Погоден исто за депилација на цело тело, ама посебно погоден за депилација на чуствителни области како пазуви и бикини линија.

Спакуван е во лименки, со примеси од Тахити и Путер.

Posted on

Топилка за восок

Апаратот за загревање на восок е неопходен во процесот на депилација. Без разлика за каков тип на депилација зборуваме, дали топла или ладна, пред да поченете со процесот на депилација, восокот мора да се загрее.
Со загревањето на восокот, тој од тврда маса се претвара во полутечна густа маса и е погоден за депилирање.

Ако загревањето го правите на шпорет или на плинско, постои можност да го прегреете и да ви биде тешко во одржувањето на температурата погодна за депилација.
Доколку е поладен, восокот не може добро да се залепи за вашата кожа, и темелно да ги опфати влакната.
Доколку восокот е претопол, постои можност да се изгорете.

За да може целиот процес на депилација да биде полесен и побрза, вам ви е потребно да си купите квалитетна топилка за затоплување на восок.

Среќна околност е што денес, цените на тоилките се прилично фини, и за добра сума на пари можете да најдете солидни топилки за восок.

Кај нас на сајтот или во продажниот салон во Струмица, можете да најдете неколку типови на топилки за восок

Posted on

Ладен восок за депилација

Ладниот восок за депилација се користи со ленти за еднократка употреба. Погоден е за широки области како што се нозе, раце, гради и грб.
Спакуван е во ролон и во лименка.


Во вашиот продажбен салон можете да го најдете во неколку видови:
Ролони:
Алое Вера
Златен
Маслинка
Кристален
Бронзен

Лименки:
Златен
Маслинка
Перла
Банана
Алое Вера

Погледнете ги ладните восоци кои ги имаме на online страната за депилација.

Таму ќе најдете и масла и млека за пост депилација.
Тие ќе ви ви помогнат за полесно елиминирање на восокот од вашата кожа. Исто и за омекнување на кожата од иритации.

Posted on

Држач за фен

Имаме пластичен држач за фен како од сликата подолу. Погоден е за заштрафување на ѕидна површина, а може и на мебел.
Држачот за фен го имаме во неколку бои: жолта, црвена и сина.

Доколку сакате да си купите држач за фен, може да го проследите линкот подолу.

Posted on Leave a comment

Хауба

Хаубата има професионална намена во фризерските салони. Се користи кога сакаме да ја одржиме константно затоплена температурата на фемиски третираната коса.

Најкорисниот момент во кој хаубата за коса ни е неопходна, е кога правиме третман на косата, за кој е потребна константна температура. Тогај ставањето на хауба ни помага со одржување на тт и корисните состојки од препаратите, убаво и длабински да навлезат во должината на влакното.

Исто така, многу корисен момент за кој ви е потребна хауба е бланширањето на косата.
Кога имате бланш на косата, треба многу да внимате да не правите температурни промени. Многу е важно постојано да се наоѓате во средина со иста тт, или да се потрудите да имате хауба / најлон кој ќе ја одржува вашата коса во иста тт. Тоа е затоа што и температурните разлики прават промени во хемискиот просец на бланжот.