Posted on

Производи за парафински третман

Парафинскиот третман е луксузна и терапевтска нега за кожа која е сува, напукната или без сјај. Топлиот парафин ја отвора порите, ја задржува влагата и овозможува хранливите состојки подобро да навлезат во кожата. По третманот, кожата станува неверојатно мека, еластична и мазна.

Read more: Производи за парафински третман

Парафинскиот третман не е само козметички третман за нега на нозете и рацете— туку помага и при болки во зглобови, артритис, напнатост и сува кожа.

✋ Кому му е потребен парафински третман?

  • На лица со сува или дехидрирана кожа на рацете, нозете или лактите
  • На оние кои често работат со вода, хемикалии или во студена средина
  • На луѓе со болки во зглобови, артритис или напнатост во дланките – топлината од парафинот ја поттикнува циркулацијата и ја намалува болката
  • На сите што сакаат момент на опуштање, нега и регенерација на кожата

🪞 1. Подготовка за парафински третман


Се мијат рацете (или нозете) со топла вода и благ сапун, за да се отстранат нечистотиите и бактериите.
Се сушат добро со чист пешкир.

🧴2. Нанесување крем или масло

  • Се нанесува хидратантна крема или хранливо масло.
  • Овој чекор помага кожата подобро да ја впие топлината и влагата од парафинот.

🕯️3. Загревање на парафинот

Парафинот се загрева во специјална топилка за парафин. Печката има копче 1 и 2. Ако е бавно на 1, смени на 2. Кога ќе се стопи, парафинот треба да биде топол, но не жежок – да не пече кога ќе се потопи раката.

✋4. Потопување на рацете (или нозете)


Раката се потопува 3–5 пати во парафинот, секојпат се вади кратко за да се створи слој.
Се создава дебел, заштитен слој парафин околу раката.

🧤 5. Завиткување и дејство


Рацете се завиткуваат во пластична фолија (или парафинска ракавица).
Над тоа се става топла крпа или фротир ракавици, за да се задржи топлината.
Се остава да делува околу 15–20 минути.

💧 6. Отстранување и завршна нега


Парафинот се отстранува како цврст слој (не се мие со вода).

Парафинот изваден еднаш, се користи повторно за претопување.
Капацитетот на топилката е литар и пол, ама нејчесто се користи килограм парафин за употреба.

Posted on

Депилација со восок: Кој тип на депилирање е најдобар за вас?

Депилацијата со восок е еден од најпопуларните методи на елиминирање на влакната од кожата, бидејќи ефикасно ги отстранува влакната и ја прави кожата гладка и мека.
После многу години искуство и развој, восокот за депилација постепено еволуирал и во денес постојат многу различни видови на депилација со восок. Од традиционалните топли восоци до ладните восоци, кои се вклопуваат во модерните методи на убавина и нега на кожата.

Photo by Lucrezia Carnelos on Unsplash

Во овој блог пост, ќе се обидеме да ве запознеме со различните видови на депилација со восок, како и со нивните предности и недостатоци. Откријте го кој вид на депилација со восок најдобро одговара на вашите потреби за да добиете гладката и мека кожа каква што заслужувате.

Депилација со Топол Восок

Топлата депилација е најпопуларниот вид на депилација. Восокот се загрева во апарати за загревање восок и се нанесува на кожата со помош на шпатули. Откако восокот ќе ја промени својата тврда состојба во полутечна, со помош на метални или дрвени шпатули се нанесува на кожата.
Предноста на тополиот восок за депилација е што може да се користи на сите делови од телото, вклучувајќи го лицето.
По отстранувањето на восокот, кожата станува гладка и без влакна подолго време.
Сепак може да биде болно искуство доколку сте претерано осетливи на болка.

Депилација со Ладен Восок


Ладната депилација се одвива со загревање на восокот на пониска температура во топлики за восок. Овој вид на восок е исто толку ефективен како и тополиот восок, но неговата главна предност е што не предизвикува болка и раздразнување на кожата.
Овие особини го прават перфектен избор за луѓе со осетлива кожа или оние кои сакаат да избегнат болка при депилацијата. Сепак, ладниот восок може да биде помалку ефикасен отколку тополиот восок за отстранување на тешко достапни влакна.
Ладниот восок се пакуван со ролони и во лименки.

Предноста на денешнината е тоа што имаме голем избор на восоци на пазарот па можеме да бираме и восоци со додатни состојки кои ја заштитуваат и хидрираат кожата.

Posted on

Вапазон

Вапазон има специјална намена во козметичките салон. Нашиот модел е погоден за професионална употреба.
Во нашиот изложбен салон можете да го погледнете и моделот на вапазон кој го поседуваме.

Posted on

Интимен восок за депилација

Во нашата палета на производи имаме и восок за депилација наменет исклучително за интимните зони.

Интимниот восок за депилација е тип на топол восок. За негово користење не ни се потребни ленти.
Потребна ни се само добра топилка за загревање на восокот и лименка восок.

Posted on

Топол восок Depileve

Топлиот восок е наменет за депилација без лента. Погоден е за елиминирање на влакната за цело тело.

Неговото пакување може да биде во гранули и во пити. Го имаме со примеси на азулен, роза, путер и таратуф.

Филм восокот е сличен на восокот за топла депилација. Погоден исто за депилација на цело тело, ама посебно погоден за депилација на чуствителни области како пазуви и бикини линија.

Спакуван е во лименки, со примеси од Тахити и Путер.

Posted on

Топилка за восок

Апаратот за загревање на восок е неопходен во процесот на депилација. Без разлика за каков тип на депилација зборуваме, дали топла или ладна, пред да поченете со процесот на депилација, восокот мора да се загрее.
Со загревањето на восокот, тој од тврда маса се претвара во полутечна густа маса и е погоден за депилирање.

Ако загревањето го правите на шпорет или на плинско, постои можност да го прегреете и да ви биде тешко во одржувањето на температурата погодна за депилација.
Доколку е поладен, восокот не може добро да се залепи за вашата кожа, и темелно да ги опфати влакната.
Доколку восокот е претопол, постои можност да се изгорете.

За да може целиот процес на депилација да биде полесен и побрза, вам ви е потребно да си купите квалитетна топилка за затоплување на восок.

Среќна околност е што денес, цените на тоилките се прилично фини, и за добра сума на пари можете да најдете солидни топилки за восок.

Кај нас на сајтот или во продажниот салон во Струмица, можете да најдете неколку типови на топилки за восок

Posted on

Ладен восок за депилација

Ладниот восок за депилација се користи со ленти за еднократка употреба. Погоден е за широки области како што се нозе, раце, гради и грб.
Спакуван е во ролон и во лименка.


Во вашиот продажбен салон можете да го најдете во неколку видови:
Ролони:
Алое Вера
Златен
Маслинка
Кристален
Бронзен

Лименки:
Златен
Маслинка
Перла
Банана
Алое Вера

Погледнете ги ладните восоци кои ги имаме на online страната за депилација.

Таму ќе најдете и масла и млека за пост депилација.
Тие ќе ви ви помогнат за полесно елиминирање на восокот од вашата кожа. Исто и за омекнување на кожата од иритации.