Премиум е фирма која се занимава со продажба на професионална фризерска и козметичка опрема. Располагаме со комплетен материјал за опремување на вашите фризерски и козметички салони.
Иако странува збор за релативно млад бренд на македонскиот пазар, сепак Фризерска и козметичка опрема Премиум нуди голема палета на производи. Нашиот асортиман го сочинуваат фризерски и козметички производи, наменети за професионалци во овие области.
Располагаме со голем избор на професионален фризерски инвентар и комплетно опремување на вашите салони за убавина, алат, опрема и потрошен материјал. Располагаме со голем избор на фризерски ножички, ефилерки, мантили за шишање, надоградба за коса , пумпици, фолија за шатирање, четки и канчиња за фарбање, … и уште многу други производи кои можете да ги разгледате во нашата галерија за фризерска опрема тука.
Нудиме и високо квалитет восок (топол и ладен), ленти за депилирање, топилки за восок и други материјали за професионални козметичари. Премиум нуди професионални столови и лавори за фризерски салони, како и професионални кревети за козметичари кои се порачуваат по каталог. (можете да ги погледнете во нашата галерија на професионален инвентар). Премиум работи и со продажба на електрични апарати, наменети за професионалци од фризерската и козметичката област. Голем избор на фенови, пегли за коса, машинки, топилки за восок итн…
Тимот на Премиум незапирливо работи и се шири низ територија на Македонија. Нашите производи веќе се доволно препознатливи за голем дел професионалци од источниот дел на земјава. Како што се шири обемот на нашите клиенти, така се зголемува и бројот на нашите производи.
Нашите производи можете да ги погледнете во продажниот салон Premium Professional, кој е лоциран на старата чаршија во Струмица, ул. “Киро Абрашев” бр.69. Дуканот е отворен од понеделник до петок од 09:00h до 17:00h.
Тимот на Премиум верно ги следи барањата на нашите клиенти. Затоа и сме постојано на ваше располагање. За повеќе информации обратете се на телефонскиот број: 070-596-777 или 075-344-777.