Парафинскиот третман е луксузна и терапевтска нега за кожа која е сува, напукната или без сјај. Топлиот парафин ја отвора порите, ја задржува влагата и овозможува хранливите состојки подобро да навлезат во кожата. По третманот, кожата станува неверојатно мека, еластична и мазна.
Read more: Производи за парафински третманПарафинскиот третман не е само козметички третман за нега на нозете и рацете— туку помага и при болки во зглобови, артритис, напнатост и сува кожа.

✋ Кому му е потребен парафински третман?
- На лица со сува или дехидрирана кожа на рацете, нозете или лактите
- На оние кои често работат со вода, хемикалии или во студена средина
- На луѓе со болки во зглобови, артритис или напнатост во дланките – топлината од парафинот ја поттикнува циркулацијата и ја намалува болката
- На сите што сакаат момент на опуштање, нега и регенерација на кожата

🪞 1. Подготовка за парафински третман
Се мијат рацете (или нозете) со топла вода и благ сапун, за да се отстранат нечистотиите и бактериите.
Се сушат добро со чист пешкир.
🧴2. Нанесување крем или масло
- Се нанесува хидратантна крема или хранливо масло.
- Овој чекор помага кожата подобро да ја впие топлината и влагата од парафинот.
🕯️3. Загревање на парафинот

Парафинот се загрева во специјална топилка за парафин. Печката има копче 1 и 2. Ако е бавно на 1, смени на 2. Кога ќе се стопи, парафинот треба да биде топол, но не жежок – да не пече кога ќе се потопи раката.
✋4. Потопување на рацете (или нозете)
Раката се потопува 3–5 пати во парафинот, секојпат се вади кратко за да се створи слој.
Се создава дебел, заштитен слој парафин околу раката.
🧤 5. Завиткување и дејство
Рацете се завиткуваат во пластична фолија (или парафинска ракавица).
Над тоа се става топла крпа или фротир ракавици, за да се задржи топлината.
Се остава да делува околу 15–20 минути.
💧 6. Отстранување и завршна нега
Парафинот се отстранува како цврст слој (не се мие со вода).
Парафинот изваден еднаш, се користи повторно за претопување.
Капацитетот на топилката е литар и пол, ама нејчесто се користи килограм парафин за употреба.







