SNB Сет за педикир

4,000 ден

Начин на употреба (Чекор по чекор):

  1. Бања за стапала: Додајте мала количина од активната билна бања во топла вода и потопете ги стапалата 10–15 минути. Ова ќе ја омекне кожата и ќе ја подготви за понатамошна нега.

  2. Отстранување мртва кожа: Исушете ги стапалата и нанесете го гелот за отстранување мртва кожа на задебелените делови. Оставете да делува 3–5 минути, а потоа нежно отстранете ги изумрените слоеви со турпијата за педикир или со стругалката.

  3. Нега на кутикули: Нанесете го гелот за отстранување кутикули околу ноктите, почекајте неколку минути и нежно поттурнете ги кутикулите со брезово стапче.

  4. Ексфолијација (Скраб): Ра рамномерно нанесете го скработ за стапала со морска сол и измасирајте ги стапалата за да ги отстраните преостанатите изумрени клетки. Исплакнете со вода и исушете ги со тапкање.

  5. Исхрана и хидратација: Нанесете го кремот за pH рамнотежа и масирајте додека целосно не се впие. За подобрен ефект, обујте ги фротирските чорапи и држете ги 15–20 минути — тие ќе помогнат кремот подобро да се апсорбира.

  6. Завршување на процедурата: Обликувајте ги ноктите со розевата дрвена турпија.

Description

SNB сетот за педикир е сè што ви е потребно за совршена, мека и негувана кожа на стапалата. Овој професионален сет се базира на повеќегодишното искуство на лабораторијата на SNB, што гарантира производи со највисок квалитет за професионална и за домашна употреба.

Секој производ од сетот дополнува друг, правејќи ја процедурата конзистентна, ефективна и пријатна. Производите се збогатени со билни екстракти, морска сол и навлажнувачки компоненти кои ја омекнуваат, хранат и ревитализираат уморната кожа на стапалата.

Сетот за педикир содржи:

Активна билна бања за стапала (200 g) – релаксира, ја омекнува кожата и ја подготвува за следните процедури.

Гел за отстранување кутикули (100 ml) – нежно го раствора и отстранува задебелениот дел од кутикулите околу ноктите.

Гел за отстранување мртва кожа (250 ml) – ефикасно ја отстранува цврстата и испукана кожа на стапалата, правејќи ги меки.

Педикир крем за pH рамнотежа (250 ml) – ја враќа природната pH рамнотежа на кожата, ја храни и ја навлажнува.

Скраб за стапала со морска сол (400 ml) – нежно прави ексфолијација, тонира и ја стимулира обновата на кожата.

Фротирски чорапи за педикир (еден пар) – помагаат во подобра апсорпција на активните состојки и ја одржуваат топлината.

Турпија за педикир SNB 60/80 (сина) – ефикасно ја отстранува задебелената кожа.

Розева дрвена турпија 180/220 – за обликување и измазнување на ноктната плоча.

Стругалка за педикир (16.3 cm) – практична алатка за отстранување задебелена кожа.

Брезови стапчиња (17.8 cm) – за туркање на кутикулите и за завршување на маникирот/педикирот.

Латекс ракавици (величина M) – за хигиенска и безбедна работа.

Торба – за практично складирање на сите алатки.

Brand

SNB

Врвна SNB нега за совршени раце и стапала:🦶✨💅 Производи за отстранување мртва кожа од стапала Производи кои штитат од габични инфекции Комлетен домашен педикир Како и Бази во боја, гел лакови по сите HEMA и TPO Free стандарти.