Sale!

Почетнички сет за маникир 2

3,500 ден

Овој сет за маникир содржи:
✨ Електрични апарати:
• Професионална UV/LED ламба120 W S9 💡
• Моќна електрична турпија (машина за маникир) LINA 🌀

💅 Препарати за гел-лак:
• Три висококвалитетни гел-лакови во модерни нијанси. 🎨
• Прајмер за обезмастување на ноктот. ⚓
• 2 во 1 Основен слој + Завршен слој (Base +Top Coat) за совршено прилепување на лакот и долготраен сјај и заштита. 🌟

🛠️ Алатки и додатоци:
• Мека турпија (блок-бафер) за израмнување на површината на ноктот. ☁️
• Класична турпија за нокти со гранулација 120/180 за прецизно обликување. 📏
• Професионален металален потиснувач на заноктици. 🧴

Со овој сет, имате сè што ви треба за да ги трансформирате вашите нокти! Постигнете траен и сјаен маникир за кратко време. 💖

Description

Подготовка на ноктите

  • Заноктици: Со металниот потиснувач, нежно турнете ги заноктиците (кожичките) кон коренот на ноктот. Ова го прави ноктот подолг и спречува одлепување на гелот.
  • Обликување: Со класичната турпија (120/180) обликувајте ги работ и должината на ноктот по желба.
  • Матење: Со блок-баферот нежно преминете преку целата површина на ноктот за да го отстраните природниот сјај. Ноктот треба да остане матен, а не истенчен. Избришете ја прашината.

Нанесување на производите

  • Прајмер: Нанесете сосем малку прајмер на целиот нокт и почекајте 30-60 секунди да се исуши на воздух (не се суши во ламба). Тој служи како „двострана леплива лента“.
  • База (Base Coat): Нанесете еден многу тeнок слој од шишенцето Base + Top Coat. Внимавајте да не ги допрете кожичките околу ноктот.
  • Сушење база: Ставете ги прстите во UV/LED ламбата 60 секунди.
  • Гел-лак во боја: Нанесете еден танок слој од избраниот гел-лак и исушете го во ламбата 60 секунди. Повторете го ова уште еднаш (вкупно 2 тенки слоја) за полна и рамномерна боја, сушејќи го секој слој посебно по 60 секунди.
  • Завршен слој (Top Coat): Нанесете уште еден слој од шишенцето Base + Top Coat преку целата површина за да го заштитите лакот и да му дадете висок сјај. Исушете во ламбата 60 секунди.

Како да ја користите електричната турпија (LINA)?

Намена: Електричната турпија се користи при отстранување на стариот гел-лак или за нежно чистење на кожата околу ноктот.

Совет за почетници: За започнување, користете ја на најниска брзина. Не ја задржувајте на едно исто место за да не го изгорите или оштетите природниот нокт.