Совети за нега на коса во зима

Најверојатно сте целосно свесни за фактот дека косата во секоја сезона има свои специфични потреби. Лето и зима се најагресивни сезони, со кои косата секогаш води жестока битка со цел да ја задржи мекоста, сјајот и целокупниот здрав изглед. Ви претставуваме 6 едноставни совети кои се од исклучително значење за грижата на косата…

winter-hair

Длабоко потхранување 

Честата употреба на фен во зима е една од причините за наглото влошување на состојбата на косата. Таа станува сува, а влакното губи се повеќе од природен сјај. Одлуката е длабоко потхранување. Купете си хранлива терапија за коса. Таа содржи многу корисни масла за косата и скалпот. Истурете неколку капки од терапијата во балсамот. По секое миење нанесувајте балсам (препорачливо е да не ја миете косата секој ден, освен ако не се наметнува поради употреба на силни производи за стилизирање; доволно е да ја миете еднаш на ден – два), оставајте го да дејствува 20 минути и исплакнете темелно.

Сушење на косата 

Секогаш кога е можно, мијте ја косата вечер, за да може да се исуши сама на топло дома. Ако стравувате дека во утринските часови ќе изгледате како “стуткана метла”, експериментирајте! Легнете си со коса во плетенка или навиткајте ја на ролни од мека пена. Па наутро ќе имате раскошни брановидни купчиња или убави кадрици.

Наелектризирање на косата 

Во зима сите имаме земање-давање со електрицитетот во косите, поради џемперите и плетените капи и шалови кои ги носиме. Спас има и тоа е во миењето на косата со топла, а не врела вода, како и во чешлањето со четка која има истовремено пластични и природни запци.

winter-braid
Ако може така да се изразиме – и на косата и е ладно. Има начин да ја зачувате од студот, така што повеќе ќе се залагате за плетени фризури.

 

Во зима освен влакното, се изнемоштува и скалпот, што доведува до иритација и појава на чешање. Против овие непријатни симптоми ви препорачуваме да користите шампон за чувствителен скалп или да ја пробате следнава ефикасна метода за заштита од појавата на првут – мешавина од маслиново масло и сок од лимон, затоплена малку и нанесена како маска на скалпот. Масирајте за околу 10 секунди, потоа оставете терапијата да делува 15 минути.

Многу лесен и ефикасен трик за постигнување на сеопфатен сјај на косата – правете маска со мед, втријте ја во корените и должина на косата. Оставете медот да дејствува половина час, а потоа исплакнете со топла вода.