Минимален труд за убава коса

1.Уживајте во долгата коса

 Кога избирате соодветна фризура, имајте го предвид фактот дека сакате да изгледа добро и кога ќе започне да расте. Средната степенеста фризура ќе ви даде негуван и романтичен изглед .

 

Долга коса - фарба за коса

2.Внимателно со електричните апарати

 Најбрз начин да уништите штотуку скратена коса е неправилно користење на фигаро, пегла или пак фен кои се премногу врели. Интензивната топлина ја нарушува стабилноста на косата и го прави влакното лесно кршливо. Затоа секогаш правете пауза од 24 часа при користење на два апарата за обликување коса и никогаш не дозволувајте топлиот воздух од фенот да биде насочен краевите на косата.

 

3. Направете домашен третман за сјај

Се што ви е потребно е еден портокал, лажичка маслиново масло, лажичка оцет од јаболко и една чаша вода. Оставете ја водата да се зоврие, па потоа на тоа додадете ја кората од портокал и тргнете ја течноста од оган. Содржината ставете ја во блендер и измиксирајте. Додадете ги останатите состојки и миксајте уште неколку минути. Оваа смеса нанесете ја на косата од коренот до врвовите, а потоа ставете капа за туширање и оставете да делува 25 минути. Потоа измијте ја косата.
како до убава коса

4.Бирајте нијанса блиска до својата природна боја

Кога избирате боја за коса, важно е истата да содржи дополнителна нега по боењето и да не биде повеќе од две нијанси посветла или потемна од природната боја. Коренот можете да го маскирате со колор шампони.

 

5.Сочувајте ја бојата

Инвестицијата во нова боја се исплати само ако бојата е постојана. Тоа значи дека косата треба да ја третирате и заштитите на вистински начин. Избегнувајте го миењето на косата 24 часа по боењето, а кога ќе дојде време за миење користете шампон за боена коса и регенератор со УВ заштита. Така бојата потешко ќе паѓа.