За Нас

Премиум е фирма која се занимава со продажба на фризерска и козметичка опрема. Располагаме со комплетен материјал за опремување на вашите фризерски и козметички салони.
Иако странува збор за релативно млад бренд на македонскиот пазар, сепак Премиум нуди голема палета на производи. Нашиот асортиман го сочинуваат фризерски и козметички производи, наменети за професионалци во овие области.

 

Располагаме со голем избор на професионален инвентар за комплетно опремување на вашите салони, алат, опрема и потрошен материјал. Располагаме со голем избор на ножички, ефилерки, мантили за шишање, надоградба за коса , пумпици, фолија за шатирање, четки и канчиња за фарбање, … и уште многу други производи кои можете да ги разгледате во нашата галерија за фризерска опрема.
Нудиме и високо квалитет восок (топол и ладен), ленти за депилирање, топилки за восок и други материјали за професионални козметичари. Премиум нуди професионални столови и лавори за фризерски салони, како и професионални кревети за козметичари кои се порачуваат по каталог. (можете да ги погледнете во нашата галерија на  професионален инвентар). Премиум работи и со продажба на електрични апарати, наменети за професионалци од фризерската и козметичката област. Голем избор на фенови, пегли за коса, машинки, топилки за восок итн…

 

Тимот на Премиум незапирливо работи и се шири низ територија на Македонија. Нашите производи веќе се доволно препознатливи за голем дел професионалци од источниот дел на земјава. Како што се шири обемот на нашите клиенти, така се зголемува и бројот на нашите производи.

Нашите производи можете да ги погледнете во продажниот салон Premium Cosmetics, кој е лоциран на старата чаршија во Струмица, ул. “Маршал Тито” бр.49. Салонот е отворен секој ден од понеделник до петок од 08:00h до 20:00h, и сабота од 08:00h до 18:00h.

Тимот на Премиум верно ги следи барањата на нашите клиенти. Затоа и сме постојано на ваше располагање. За повеќе информации обратете се на телефонскиот број: 070 596-777 или 075 344-777, или пак пишете ни на контакт формата.