Вистинска боја за мојата коса

Каква треба да биде бојата за коса за да биде „топ“? Долготрајна, идеално да ги покрива белите влакна и да се грижи за косата.

 

Што значи „вистинска боја за мојата коса“?

Новите формули за бои за коса настојуваат да се добие боја што ќе делува брзо, идеално ќе покрива, ќе трае и ќе се грижи за косата. Висококвалитетната боја за коса може да направи косата да изгледа погуста, затоа што обезбедува дополнителен слојили ја зголемува дебелината на основниот, или и двете. Полутрајните бои само ја покриваат косата, додека трајните го зголемуват епидермисот, од каде доаѓа и ефектот.

 

Боја за коса

 

Како да изберам боја за коса?

 

Имајте предвид дека сликата на кутијата на бојата е само ориентациона. Кога бојата ќе се слее со пигментот на косата, не би можеле да знаете што реално ќе се добие. Дури и боите на примероците од вештачки влакна не се идеално исти со ефектот што ќе го даде бојата на природно влакно. Од корист би можел да биде советот да изберете еден тон посветла нијанса од онаа што ви се допаѓа. Разгледувајте ги претходно внимателно и шемите кои советуваат која боја на каква нијанса природна коса каков ефект дава.

Но, колку и да се добри боите за коса, бојадисувањето неизбежно ја менува структурата на косата и скалпот и се одразува на здравјето на косата. Затоа се препорачува користење на специјални шампони, потхранувачи (регенератори) и други средства за нега на бојадисана коса.

Погледнете каталог на Fadiam за професионална боја за коса.